


Бирото за развој на образованието во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, организира средба за презентација на Е-Твининг платформа за учење. E-твининг е проектна рамка што им овозможува на училиштата од Европа работа на заеднички проекти со користење на Интернет и ИКТ алатки. На тој начин е-Твининг придонесува за подобрување на педагошките аспекти на користењето на ИКТ во наставата и учењето и зголемување на ефективноста од користењето на истата. Средбата се одржa во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ во Кавадарци, на 07-02-2019 година (четврток), со почеток во 12 часот. Елизабета Филипова, еТвининг амбасадор, им ја претстави еТвининг платформата на присутните наставници Image may contain: 1 person, standing and indoor
Нашата ученичка Јана Грозданова, под менторство на наставничката Ива Јосифова е добитник на 3-та награда на ликовниот конкурс на тема: „Рацин вчера, денес и утре “ по повод 51. Детски Рацинови средби!!!
По повод Националната акција за чистење на отпадот нашето училиште превзеде соодветни активности (15.09.2018). Во прилог се слики кои претставуваат само дел од работната атмосфера на нашите еколози
галерија Линк
На самиот почеток на новата учебна година во ООУ “Тоде Хаџи – Тефов”- Кавадарци се отвори нова спортска сала за непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование. На свечениот чин се обрати Директорот на училиштето г-дин Николче Нешковски и Градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Митко Јанчев. Присуствуваа и претставници од Советот на Општина Кавадарци, претставници од фирмите кои извршуваа градежни активности и вработените во училиштето.
Галерија Линк
ООУ „ТОДЕ ХАЏИ ТЕФОВ“, УЧИЛИШТЕ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА УЧЕНИЦИ ВО КАВАДАРЦИ ОД СЕПТЕМВРИ НАСТАВАТА ПО ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ ЌЕ ЈА ИЗВЕДУВА ВО НОВА СПОРТСКА САЛА.
Нашиот ученик на генерацијата Дарко Стојчев под менторство на наставникот по хемија Гордана Нечева, освои I место на државниот натпревар по ХЕМИЈА
Елизабета Филипова, наставник по англиски јазик во Основното училиште „Тоде Хаџи-Тефов“ во Кавадарци, е е-твининг амбасадор во Република Македонија. Интервју со нашиот наставник направи прталот https://deca.mk за тоа што учат, забавувајќи се, учениците и наставниците преку оваа европска платформа, какви проекти изработуваат, како тече едукацијата, дали има интерес за неа…
Интервјуто во целост може да го прочитате на овој Линк.
Copyright © 2011-2019 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.4, from BuyNowShop.com.