„ЕКО-ПАКЕТ МАКЕДОНИЈА“

Posted by ТХТ on 16/12/2015 in Последни настани |

12246798_807045009404630_3962685795508463806_n    ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ

  „ЕКО-ПАКЕТ МАКЕДОНИЈА “

И ВО УЧЕБНАТА 2015/16 ГОД.

Оваа учебна година како и минатата Нашето училиште како  Еко-училиште  и носител на наградата  „Зелено Знаме“ активно се вклучи  во Проектот  „Еко-пакет –Македонија “ во организација на ОХО и  неговите партнери  Пако-Мак.Целта на Проектот е да се едуцираат младите за селектирање и рециклирање на отпадот особено тетра пак амбалажата, а со тоа  и да пратат порака до надлежните органи и институции за во најскора иднина да превемат мерки  за проширување на оваа активност и во домовите.Проектот ке се рализира преку конкретни активности за селектирање  на тетрапак амбалажата во училиштето и нејзина употреба за изработка на најразни уметнички дела кои ќе бидат наградувани  на училишно и републичко ниво.

Почетните активности веќе се спроведоа и учениицте поставија кутии за собирање и селектирање на тетра-пак амбалажата во училиштето и одржаа едукативни работилници за запознавање со проектот и за упатства и насоки како да се одложува отпадот.Веќе се во тек формирањето на ученички тимови  за изработка на уметнички дела од тетра –пак амбалажата.

Да очекуваме убави уметнички изработки од учениицте и  почиста и поздрава животна средина!    

„Ние сме носители на промената која треба да се случи!“

   Ве поздарвуваме со еден голем     –   Еко-поздрав !

Повеќе фотографии можете да погледнете во делот на галерија или на овој ЛИНК

Copyright © 2011-2018 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.4, from BuyNowShop.com.