„ДЕНОТ НА ДРВОТО“ ПРЕРАСНА ВО „НЕДЕЛА НА ДРВОТО И ЦВЕЌЕТО“

Posted by ТХТ on 16/12/2015 in Последни настани |

12316655_809191212523343_1343831651280578611_nВо училиштето „Тоде Хаџи Тефов“ изминатата недела се организираа низа активности  со еколошки карактер.
Учениците и вработените го искористија убавото есенско сонце и  со заедничка организација  на целокупната училишна заедница го разубавија училишниот двор и го потврдија имиџот на Еко Училиште:

-уцениците од 6 до 9 одделение го исчистија дворот од есенските лисја

-учениците од 1 до 5 одд. ги спрашија и полеваа  цвекњата во училишната зграда

-учениците од еко-патролата  ги складираше  отпаднати лисја во училишниот двор  за правење на компост

-учениците  од еко-патролата  во соработка со своите соученици  посадија 100 зимски љубичици во бетонските жардињери во училишниот двор.

-во соработка со локалната заедница се поставија клупи за одмор и рекреација  во училишниот двор

Ние- учениците и вработените имаме  единствена цел-да ја преточиме  убавината на природата во нашиот  училишен двор.Порачуваме: ЧУВАЈТЕ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА –ТАА Е НАШЕТО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ!

Повеќе фотографии можете да погледнете во делот на галерија или на овој ЛИНК

Copyright © 2011-2018 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.4, from BuyNowShop.com.