ЕКО АКТИВНОСТИ- Денот на дрвото 2016

Posted by ТХТ on 12/12/2016 in Последни настани |

15202693_1040736116035517_3515505208196077867_n

Училиштето  „Тоде  Хаџи  Тефов “   со целокупната училишна заедница,  а во соработка на МОН  и оваа година активно го одбележи  Денот на дрвото. Се реализираа низа активности со кои ја промовираат еко-политиката во училиштето и  обезбедуваат одржлив развој  во локалната зедница  и пошироко.

-Учениците   посадија  десетина зимзелени садници  во училишниот двор  во централното и подрачното училиште во с.Бегниште. Практично покажаа како  се однесува  со  животната  средина и испратија порака како треба да се чува и негува природата  во која растеме и живееме сите.

-Учениците од предметна настава  ги обновија и уредија постоечките садници  во училишните ходници и со своите наставници  одржаа еко-предавање за значењето на шумите за здравјето на човекот и чистата природа.

-Учениците од  одделенска настава  пак се погрижија за одржубвање на  цвеќето   во  своите училници.Со учениците од 5 одделение се организираше еко едукација преку  еко-тест   за  подигнување  на  еколошката  свест и  еко-култура .

Повеќе фотографии можете да погледнете на следниот ЛИНК

Copyright © 2011-2018 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.4, from BuyNowShop.com.