„Тетра Пак“ 2016-2017

Posted by ТХТ on 20/12/2016 in Последни настани |

15310312_1653725124652953_463575893_n

 

ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ

„ЕКО-ПАКЕТ МАКЕДОНИЈА “

И ВО УЧЕБНАТА 2016/17 ГОД.

 

Оваа учебна година како и минатата Нашето училиште како  Еко-училиште  и носител на наградата  „Зелено Знаме“ активно се вклучи  во Проектот  „Еко-пакет –Македонија “ во организација на ОХО и  неговите партнери  Пако-Мак.

Учениците од  училишната  еко-патрола  преку еко-работилница ги  информираа своите соученици  за  Проектот  „Тетра Пак“ кој се реализира веќе трета година  во училиштето  во  соработка со здружението на граѓани  ОХО  и Пако-Мак. Проектните активности се однесуваат на селектирање и рециклирање  на тетра пак амбалажа .За таа цел  се поставија   кутии во училишните ходници за селектирање на тетра пак амбалажата   од која тетрапак амбалажа учениците во тимови  ќе рециклираат уметнички дела на тема „Светски чуда“ .

Еко-училиштето  „Тоде  Хаџи  Тефов“  продолжува да го вее своето  Зелено  еко-знаме   и  ги поздравува сите љубители на природата  и екологијата. Под   нашето  Еко-знаме   ќе растат и учат уште многу  еко-генерации  кои  знаат дека  „ Немаме резервна Планета“ !

Известува  „ Еко-секцијата ,, при ООУ  „ТХТ“-Кавадарци

Повеќе фотографии може да поледнете на следниот ЛИНК

Copyright © 2011-2018 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.4, from BuyNowShop.com.