Денот на пролетта

Posted by ТХТ on 23/03/2017 in Последни настани |

17495729_1449175195102184_1342131926_n

Учениците од  училиштето  „Тоде Хаџи Тефов“ под  менторство на Еколошката секција  во училиштето и Еко-одборот работно ја дочекаа  пролетта  во својот училишен двор. По традиција  и оваа година  го реализираа  Проектот  „100 Љубичици со цвет- за поубав свет!“  Вредните детски раце   со нетрпение  ги очекуваа пролетните денови  да уживаат на топлото сонце  закитувајќи го дворот со прекрасни и  разнобојни  расцветани  љубичици.

Учениците од Еко-патролата ги замени оштетените зимзелени садници   со нови со што  се одржува континуитетот на паролата-Училишен двор-еколошки парк.Во активностите учествуваа учениците од  Целокупната училишна заедница организирани по работни групи.

Пристигнувањето на пролетта  учениците од 7,8 и 9 одд. Ја обележаа со Кампањата  „Вози  Велосипед!“  Учениците  напишаа  пораки и пароли  за почист воздух, изработија хамери за промовирање на велосипедот како превозно средство кое не го загадува воздухот. Целта на Кампањата беше да се подигне свеста  како кај училишната  така и  кај локалната заедница  за зачувување  на природата и заштита на воздухот од загадување , помалку болести и здрав  рекреативен живот.

Немаме резервна планета ! – е појдовната порака која  ги соединува учениците и врз која се темелат сите еко- активности  кои  го  унапредуваат  ова  Еко- училиште.

Повеќе фотографии од Еко активостите може да погеднете на следниот ЛИНК

Еко- поздрав – ТХТ

Copyright © 2011-2018 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.4, from BuyNowShop.com.