За Нас

ООУ „Тоде Хаџи-Тфов” Кавадарци е основно училиште. Лоцирано е на ул. „Пионерска” 24. Во склопот на истото работат подрачни паралелки во с. Бегниште.

Училиштето работи од далечната 1962 година и спаѓа во поразвиените училишта со опфат на најголем број на ученици во општината.

На почетокот во учебната 1962/63 година училиштето работи со вкупно 25 паралелки 12 во одделенска 13 во предметна настава со вкупно 939 ученика, а наставата ја реализираат 30 наставници а како прв директор во училиштето е Стојче Ристевски.

Во училиштето се школувале многу ученици кој денес се истакнати и успешни лекари, инжињери, економисти и други профили и сите се наша гордост бидејќи првите чекори во своето образование ги поминале во клупите на ова училиште.

Од година во година бројот на паралелките и учениците се зголемува, така што пред неколку години изнесуваше над 1200 ученици, но последниве неколку години поради намалениот наталитет истиот е во отпаѓање.

И покрај тоа во училиштето денес се опфатени 784 ученика во основното училиште 36 ученика во подрачното, т.е. вкупно 820 ученика и е училиште со најголем број на ученици во општината.

Од отварањето од година во година до денес во училиштето се направени повеќе реконструкции, доградби и слични активности, а во согласност со тоа и воспитно образовната дејност се унапредува и ги следи позитивните промени во образованието.

Моментално во училиштето наставата ја реализираат вкупно 50 наставници, а повеќе од нив се подготвени да внесуваат иновации и квалитетни промени во насока на унапредување на воспитно образовниот процес.

Copyright © 2011-2018 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.4, from BuyNowShop.com.