Визија

Визија

Визија без акција е сонување.
Акција без визија е случајна активност.
Визијата и акцијата заедно можат да го
променат светот
Joel Barker


Овде сите сме еднакви. Се почитуваме, соработуваме, толерираме, поучуваме, учиме- активно и интерактивно. Се менуваме себеси како личности.  Овде учењето е процес на градење на силни, образовани млади генерации за подобро сфаќање на реалноста и себеси.

 

Секој сака да чекори напред, да го дофати модерното, да го почувствува убавото и да се задоволи со плодовите од успехот.

Тргнувајќи од моменталната состојба на училиштето која секогаш може да биде подобра, ние поставивме цели кон кои се стремиме. Тие цели ја оформуваат сликата за едно пријатно место каде ќе се изведува наставата, а објектот на таа слика е токму училишната зграда  која располага со модерно опремена училишна спортска сала. Надворешниот изглед на училиштето е сменет со обновена фасада и кров, надоградени соодветни училници за продолжен престој, опремена кујна по ХАСАП систем и еколошки уреден училишен двор збогатен со жардињери, цвеќиња и трева.

Нашата визија ја комплетира и добро обучениот наставен кадар кој совесно ќе си ја извршува својата работа и ќе воведува иновации во наставата преку нови методи и принципи. (Тука не мислиме само на употребата на компјутерите, туку пред се на стручноста на наставникот, неговата креативност и неговата способност знаењето што го има да го пренесе на другите ).

Училиштето од нашата визија ќе исфрли идни носители на нашето општество.

Copyright © 2011-2018 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.4, from BuyNowShop.com.