Учи од дома
РАСПОРЕД ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ONLINE ЧАСОВИ НА ZOOM
ЗА ПРЕДМЕТНА НАСТАВА
РАСПОРЕД ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ONLINE ЧАСОВИ НА ZOOM
ЗА ОДДЕЛЕНСКА НАСТАВА
Известување/укажување од МОН
До Министерството за образование и наука пристигнуваат прашања и реакции од новинари, како и реакции од родители и ученици за времето на распределбата на домашните задачи и роковите за реализација на доделени задолженија и задачи на учениците од страна на наставниците.
Апелираме сите обврски и активности кои произлегуваат од задолжителното далечинско учење да се реализираат согласно наставните содржини и распоредот на часови.
По однос на времето за завршување на доделените задачи од страна на наставниците, апелираме истото да биде во разумен период од денот, а задачите да се доделуваат со доволен временски рок за исполнување од страна на учениците.
3.04.2020 год.
Упатство за оценување- Линк
Почитувани ученици,родители/старатели и вработени,
Владата на својата 26 седница одржана на 23.03.2020 ја усвои Уредбата со законска сила за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба, која ќе се применува за реализација и организација на наставата преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација.
Средства за електронска комуникација, во смисла на оваа Уредба се средства кои обезбедуваат реализација на наставата без заедничко физичко присуство на учесниците во наставниот процес и кои овозможуваат взаемна двонасочна комуникација.
Средства за електронска комуникација можат да бидат видео-конференциски платформи, електронска пошта или други системи за електронска размена на податоци.
За употреба на видот на средствата за електронска комуникација одлука донесува основното училиште.
За периодот на организирање на наставата во основните училишта преку далечинско учење односно учење од дома, наставникот може да изврши оценување на учениците.
Со примена на средствата за електронска комуникација може да се спроведат испрашувања, тестирања на учениците или да се користат други форми на утврдување и оценување на знаењето на ученикот.
Сите наставници да реализираат „online“ настава согласно Уредбата за основно образование и согласно Одлуката на директорот (во прилог подолу).
ОДЛУКА- Линк
ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци
Директор: Марија Трајкова
Уредба за основно образование за време на вонредна состојба Линк
Почитувани ученици, родители и вработени,
Би сакала да Ве информирам дека воспитно-образовниот процес во училиштето и по завршените две недели ќе биде во прекин поради вирусот COVID-19 во нашата држава. Во исчекување на конкретни мерки и насоки за понатамошно одвивање на наставата од Бирото за развој на образованието и Министерство за образование и наука сѐ со цел изнаоѓање на унифициран начин за изведување и следење на наставата за учениците
План за изведување на онлајн активности и настава за самоучење на учениците и квалитетно пополнување на времето во домашни услови.
ПЛАН ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ ОНЛАЈН АКТИВНОСТИ И НАСТАВА ЗА САМОУЧЕЊЕ
- Се препорачува наставниците во соработка со учениците и родителите поучувањето и учењето да го изведуваат онлајн или преку користење на алтернативни средства за електронска комуникација.
Се задолжуваат одделенските раководители да утврдат колкав е бројот на учениците во нивната паралелка кои немаат пристап до интернет и до соодветни технички ресурси
Се препорачува секој наставник да користи одредени платформи или апликации кои се најсоодветни за конкретниот наставен предмет и за споделување на материјали за самоучење, содржини од наставната програма или интересни материјали поврзани со предметот, наставни ливчиња, линкови од соодветни корисни веб страни.
Се апелира до сите партиципиенти да споделуваат и разменуваат само материјали кои се поврзани со предметот и со наставната содржина, додека апликациите за брзо споделување на одредена информација или одредени прашања да се користат во разумен период од денот од понеделник до петок за да се зачува приватноста и слободното време на секој поединец
Се апелира учениците да соработуваат и да се вклучат во следење на насоките, упатствата и барањата на наставниците
Учениците за самоучење можат да ги користат и сопствените учебници како и учебниците во електронска форма: http://www.e-ucebnici.mon.gov.mk/ → oсновно образование.
Дополнително на сајтот на МОН (mon.gov.mk) се поставени бесплатни дигитални платформи, апликации и содржини за учење од дома.
Воедно апелирам сите да останеме дома, да ги почитуваме мерките и препораките на Светската здравствена организација и на Министерството за здравство, да бидеме совесни, солидарни, разумни, трпеливи и одговорни кон себе и кон другите.
ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци
Директор – Марија Трајкова
Почитувани ученици,родители/старатели и вработени,
OOУ „Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци ве известува дека согласно одредбите од Одлуката за изменување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус – COVID – 19 со број 44-2147/6 од 21.03.2020 година донесена од Владата, мерката за прекин на воспитно – образовниот процес и наставата во просториите на училиштето се продолжува и ќе се применува се додека на сила е вонредната состојба на територија на нашата држава.
Со почит,
ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци
Директор: Марија Трајкова
Почитувани ученици, родители
Покрај секојдневната комуникација што ја остварувате со настаниците преку групите кои се формирани, нивните e-mail адреси, google drive, започнавме и со онлајн настава на Zoom.us- апликација за интерактивна комуникација. Ве молиме редовно следете ги известувањата за термините на овие часови.
Ви посакуваме многу успех!
Чувајте се!!!
Драги ученици, наставници и родители,
Е – Училница е место на кое ќе најдете видео лекции за предметите кои се изучуваат во училиште. Овие видео лекции се направени од наставници ширум земјата со цел да послужат како дополнителен ресурс во процесот на учење и совладување на наставните содржини.
Видеата се групирани според одделенијата во основно образование и според задолжителните предмети кои се изучуваат во нив. Откако ќе го одберете вашето одделение и предметот, ќе добиете листа на веќе подготвените видео лекции и со едноставен „КЛИК“ ќе ви се отвори видео од некој од нашите фантастични наставници.
Имајте на ум дека наставниците постојано вредно работат и снимаат нови видеа, па затоа посетувајте ја често Е – Училница за да видите што ново сме подготвиле за вас.
Ви посакуваме многу успех!
Почитувани ученици, родители
Покрај секојдневната комуникација што ја остварувате со настаниците преку групите кои се формирани, во прилог ги имате и нивните e-mail адреси, доколку некој од вас има потреба и за овој начин на комуникација.
Прво одделение |
|
Загорка Крстевска |
|
Весна Карова |
|
Сандра Колева |
|
Билјана Николова |
|
Елизабета Јованова |
|
Второ одделение |
|
Мирослава Симоновиќ |
|
Форка Наумова |
|
Лидија Бакева |
|
Магдалена Димитрова Маркова |
|
Трето одделение |
|
Ќиро Јошев |
|
Ирена Сивакова |
|
Виолета Крстева |
|
Четврто одделение |
|
Нада Ѓелева |
|
Слободанка Стоева |
|
Елеонора Гурева |
|
Милена Костова Орешкова |
|
Петто одделение |
|
Марија Камчева |
|
Елизабета Манчева |
|
Гоце Крстев |
|
Мануела Маркушева |
|
Македонски јазик |
|
Олгица Младеновска |
|
Николче Нешковски |
|
Лиле Жабоска |
|
Фиданка Стојаноска |
|
Математика |
|
Весна Китева |
|
Елизабета Мешкова |
|
Маргарита Бумбароска |
|
Ружица Јованова-Стојанова |
|
Љупка Грозданова |
|
Англиски јазик |
|
Славица Јаневска |
|
Орданчо Петров |
|
Соња Јаковлевска- француски јазик |
|
Елена Котева-Шикова |
|
Елизабета Филипова |
|
Ана Котева |
|
Германски јазик |
|
Андријана Ласкова |
|
Зорица Карова |
|
Ликовно образование |
|
Илина Калешкова |
|
Музичко образование |
|
Петар Арсовски |
|
Илија Чипков |
|
Техничко образование |
|
Стефан Богев |
|
Василка Бошкова |
|
Природни науки |
|
|
|
Географија |
|
Марјанчо Михов |
|
Перо Попов |
|
Данче Кузманова |
|
Историја/Граѓанско образ./ Етика |
|
Ќиро Крстев |
|
Сузана Митрева |
|
Горан Чадамов |
|
Етика на религиите |
|
Васко Стојанов |
|
Информатика/ Иновации |
|
Марија Нешковска |
|
Физика |
|
Александар Коцев |
|
Хемија/ Природни науки |
|
Гордана Нечева |
|
Розалија Бирлис Ризова- Хемија |
|
Физичко и здравствено образование |
|
Елена Дишлиевска |
|
Андријана Василева |
|
Симон Лазoроски |