„ШТЕДИ ВОДА – ЗАШТО Е ВО МОДА“

Posted by Уредник on 26/09/2012 in Последни настани |

„Штеди вода – зашто е во мода“ е мотото на нашето училиште под кое чекоревме и чекориме и оваа учебна година. Како Еко-училиште кое континуирано  ја спроведува Програмата „Немаме резервна планета“   во учебната 2011/12 и 2012/13 година  приоритет  дадовме на еко стандардот – Заштеда на водата во училиштето и Проектот „Штеди вода зашто е во мода“.Сакаме да допринесеме во борбата за заштеда на вода како природен ресурс на планетата Земја  и финансиска заштеда во училиштето.Проектот стартуваше  од 1.03.2012 г. и ќе трае до 1.11.2012 година.Сега е  во завршна фаза, резултатите веќе ги сумираме и сме задоволни од остварување на планираните цели:

Штеди вода

1.Ги заменивме постоечките чешми од застарен тип кои течат во тоалетите со економични ударни чешми кои сами се затвараат;

2.Ги заменивме постоечките казанчиња за вода во тоалетите со економични казанчиња на мал млаз вода;

3.Го зголемивме нивото на лична хигиена кај ученицте и намалување можноста за инфекции преку рацете;

Штеди вода

4.Ја зголемивме  општата хигиена во училишната зграда;

5.Училишната заедница е едуцирана вредноста на водата како природен извор и применува навики за нејзино штедење;

6.Очекуваме заштеда на вода и финансиска заштеда во училиштето;

7.Ги уредивме училишните ходници со едукативен матерјал за штедење на водата.

Штеди вода

Во реализација на проектот се вклучија  учениците кои  имаа раководна  улога во активностите, наставниците, родителите, раководниот тим на училиштето, техничкиот персонал, невладиниот сектор, бизнис секторот, медиумите, локалната заедница.Проектот финансиски  е поддржан од Здружението на граѓани „ОХО“ и Швајцарската агенција за развој за што искрено им Балгодариме.

Еко-одбор

ООУ „Тоде Хаџи Тефов“

Кавадарци

 

Повеќе фотографии можете да погледнете во менито „Галерија“ или директно тука

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.