
- Овој настан помина.
НУЛА ОТПАД ЗА КАВАДАРЕЧКИТЕ ВТОРО ОДДЕЛЕНЦИ
февруари 19 @ 8:00 am - 10:00 am
СЕ ДРЖЕА ПРЕДАВАЊА КАКО ДА СЕ СЕЛЕКТИРА И СКЛАДИРА ЕЛЕКТРОНСКИОТ ОТПАД А АКЦЕНТОТ БЕШЕ СТАВЕН НА БАТЕРИИТЕ.
Денес тимот на Нула Отпад, во соработка со Општина Кавадарци, одржа едукативна работилница со учениците од второ одделение во нашето училиште.
На интерактивен и забавен начин се разговараше за тоа што претставува електронскиот отпад, зошто е важно правилно да се селектира и како секој од нас, дури и најмладите, може да придонесат за почиста и поздрава животна средина
Учениците активно учествуваа, поставуваа интересни прашања и покажаа дека грижата за природата започнува од мали нозе.