За Нас

Да се стремиме кон формирање личности – а не кон полнење глави

Секој сака да чекори напред, да го дофати модерното, да го почувствува убавото и да се задоволи со плодовите од успехот.

Тргнувајќи од моменталната состојба на училиштето која секогаш може да биде подобра, ние поставивме цели кон кои се стремиме. Тие цели ја оформуваат сликата за едно пријатно место каде ќе се изведува наставата, а објектот на таа слика е токму училишната зграда која располага со модерно опремена училишна спортска сала. Надворешниот изглед на училиштето е сменет со обновена фасада и кров, надоградени соодветни училници за продолжен престој, опремена кујна по ХАСАП систем и еколошки уреден училишен двор збогатен со жардињери, цвеќиња и трева.

Нашата визија ја комплетира и добро обучениот наставен кадар кој совесно ќе си ја извршува својата работа и ќе воведува иновации во наставата преку нови методи и принципи. (Тука не мислиме само на употребата на компјутерите, туку пред се на стручноста на наставникот, неговата креативност и неговата способност знаењето што го има да го пренесе на другите ).

Училиштето од нашата визија ќе исфрли идни носители на нашето општество.

Нашата Мисија

Нашето училиште претставува средина во која се создава инспиративна, мотивирачка и безбедна клима за индивидуален развој на учениците во наставата и воннаставните активности, училиште во кое се буди интелектуалната љубопитност на учениците, се развива чувството на одговорност и почитување, се вежба критичкото мислење, се стимулира иницијативниот дух и творечки способности користејќи високи етички стандарди и современа образовна технологија.

Нашата Визија

Овде сите сме еднакви. Се почитуваме, соработуваме, толерираме, поучуваме, учиме- активно и интерактивно. Се менуваме себеси како личности. Овде учењето е процес на градење на силни, образовани млади генерации за подобро сфаќање на реалноста и себеси. Секој сака да чекори напред, да го дофати модерното, да го почувствува убавото и да се задоволи со плодовите од успехот. Тргнувајќи од моменталната состојба на училиштето која секогаш може да биде подобра...

Вработени во ООУ Тоде Хаџи Тефов

Технички персонал во ООУ Тоде Хаџи Тефов

бидете во тек со Нашите активности

8 Мар

документи за заштита и безбедност

Почитувани во овој дел можете да превземете извештаи од нашата документација за заштита и безбедност во Нашето училиште. https://todehtefov.edu.mk/new/wp-content/uploads/2026/03/5.-ПЛАН-ЗА-ЕВАКУАЦИЈА-И-СПАСУВАЊЕ-1-КАТ.pdf

можете да не контактирате секој работен ден од 07,00 до 15,00ч на контакт информациите дадени подолу:

Следете не

Copyright © ООУ Тоде Хаџи Тефов- сите права се задржани.