УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ – ГЛАСОТ НА УЧЕНИЦИТЕ!

УЧЕНИЧКИ ПАРЛАМЕНТ – ГЛАСОТ НА УЧЕНИЦИТЕ!

Во нашето училиште успешно функционира Ученичкиот парламент – облик на ученичко организирање што го поттикнува ученичкиот активизам, одговорноста и соработката. Ученичкиот парламент го сочинуваат претседателите на одделенските заедници од VI до IX одделение, а по потреба на состаноците учествуваат и нивните заменици.
На почетокот на учебната 2026/2027 година беше избрано новото раководство преку демократски процес на номинирање, претставување и избор, учениците имаа можност активно да учествуваат, да го изразат својот став и да го остварат правото на глас.
За претседател на Ученички парламент со мнозинство гласови е избран ученикот Васил Ангелов од VIII-б одделение кој ќе ги застапува интересите и предлозите на учениците.
За Ученички правобранител е избран Кирил Плетварски од IX-г одделение кој ќе се залага за заштита и унапредување на правата на учениците.
Затоа што секој ученички глас е важен, а секое мислење заслужува да биде слушнато!

можете да не контактирате секој работен ден од 07,00 до 15,00ч на контакт информациите дадени подолу:

Следете не

Copyright © ООУ Тоде Хаџи Тефов- сите права се задржани.