Директорот на ООУ “Тоде Хаџи – Тефов” во Кавадарци, г-дин Николче Нешковски преку ФОНДОТ ЗА НАДАРЕНИ И ТАЛЕНТИРАНИ ученици подржан од бизнис заедницата им додели награди на учениците кои се здобија со државни награди – прво, второ и трето место на државните натпревари во учебната 2017/2018 година од областа на различни предмети. Беа доделени пофалници за учениците и наставниците – ментори и благодарници за претставниците од бизнис заедницата. На наставниците – ментори и учениците им благодариме за вложениот труд и постигнатиот успех. Во иднина им посакуваме уште поголеми постигнувања!
Линк
Годишна програма за работа на ООУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци во учебната 2024/2025 година
Развојна програма на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци за 2021-2025
Изваштај од самоевалуација на училиштето, спроведена 2023 година.
Copyright © 2011-2025 All rights reserved. This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.