



Во вторникот, 10.05.2016 година во нашето училиште се организираше отворена трибина со мотото НЕ НА ПОРОЦИТЕ … Трибината беше организирана од Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво и Автошколата Безбедност како генерален покровител на настанот.
На оваа трибина, која ја проследија учениците од одделенска и предметна настава, учество зедоа:
Во своето излагање, директорот на училиштето истакна дека во свет во кој животот и општествените прилики се менуваат брзо и во кој сите сме изложени за предизвици, најголема опасност постои за децата и младите.
Со преголемата ангажираност на родителите во борбата за обезбедување на средства за живот и деструктивните сили кои ги демнат нашите ученици по улиците, училишата ја превземаат улогата на примарна превенција од девијантно однесување кај децата.
За таа цел, нашето училиште веќе неколку години активно и засилено работи на превенцијата од девијантно однесување преку реализирање на повеќе едукации по однос на овој проблем:
Дополнително, во училиштето се реализираат и други активности кои индиректно влијаат на девијантно однесување кај децата:
На крај од своето излагање директорот потенцираше дека нашето училиште, како и досега – така и одсега, засилено ке работи за спречување на девијантните појави кај децата кои се образуваат во нашето училиште.
Повеќе фотографии од овој настан може да погледнете на следниот ЛИНК
Copyright © 2011-2023 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.