Втора меѓународна едуконференција
Од 01 до 03 април во Струга се одржа Втората меѓународна едуконфереција на наставници и информатичари. На конференцијата присуствуваа презентери од Македонија и многу други европски држави. Презентациите беа на тема- Образовни ресурси и нивна примена во наставата.
Презентирани беа: Образовен софтвер со отворен код и интернет, најдоброто од компјутерската наука – Академија Оракл, интерактивни решенија за училницата во 21 век, креативноста и иноваците, Мајкрософт сертификација модерно учење , нови трендови во мулти медијата, технологијата и образованието, примена на ИКТ , изработка на образовни игри и многу други теми.
Повеќе фотографии од оваа конференција можете да погледнете на следниот ЛИНК