„ШТЕДИ ВОДА – ЗАШТО Е ВО МОДА“

Posted by Уредник on 26/09/2012 in Последни настани |

„Штеди вода – зашто е во мода“ е мотото на нашето училиште под кое чекоревме и чекориме и оваа учебна година. Како Еко-училиште кое континуирано  ја спроведува Програмата „Немаме резервна планета“   во учебната 2011/12 и 2012/13 година  приоритет  дадовме на еко стандардот – Заштеда на водата во училиштето и Проектот „Штеди вода зашто е во […]

На 3.09.2012 година училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна година 2012/2013

Posted by Уредник on 05/09/2012 in Последни настани |

Првачињата беа свечено пречекани од директорот на училиштето, господинот Никола Нешковски, Градоначалникот на Општина Кавадарци, господинот  Александар Панов, Советникот за образование, господинот  Атанас Шиков, вработените во училиштето и учениците од второ до петто одделение кои на првачињата им подготвија едночасовна приредба во нивна чест.

Обука на наставниците за комбинирана настава

Posted by Уредник on 01/09/2012 in Последни настани |

Бирото за развој на образованието ПО Кавадарци, на барање на ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“, организираше еднодневна обука на тема „Планирање и организација на наставата во комбинирани паралелки“ за наставниците кои изведуваат настава во комбинираните паралелки.

Copyright © 2011-2026 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.