Google hangout со ученици од 17 европски држави
Учениците од IVб одделение имаа Google hangout со ученици од 17 училишта од различни европски држави за еТвининг проектот „Млади научници“. Учениците сите заедно направија три експерименти и научија за особините на воздухот. Видеото е преземено од вести на КТВ телевизија
ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ во Караванот
29 октомври 2014 – Караванот на букви и броеви на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ го посети ОУ „Тоде Хаџи-Тефов“ во Кавадарци. Учениците од почетните одделенија, заедно со нивните родители и наставници се вклучија во активноста „Читањето и математиката се забавни“ со пејачката Кристина Арнаудова и актерот Гораст Цветковски, а Библиотеката на тркала […]
Успешна соработка на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ и „Кирил Пејчиновиќ“
Оваа успешна мултикултурна и етничка активност е под покровителство на ОБСЕ и Министерството за образование и наука и е дел од проектот за фондот „Градиме мостови“ По првата дружба за време на тиквешкиот гроздобер во Кавадарци, учениците од ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци и од „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце, од македонска, албанска, турска, српска […]







