Градиме мостови за разбирање и соработка

Posted by Уредник on 10/09/2014 in Последни настани |

ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“од Кавадарци и ООУ “Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце се вистински пример за партнерски училишта кои засилено работат во областа на мултикултурното учење и меѓуетничката соработка.

Оваа година, ООУ“Тоде Хаџи – Тефов“ како домаќин, се вклучи во одбележувањето на Тиквешкиот гроздобер 2014 заедно сo ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, при што двете училишта се претставија со заедничка поставка.

Учениците од двете училишта – припадници на различните етнички заедници кои живеат во Република Македонија: македонци, албанци, турци, роми и срби облечени секој во нардоната носија на својот етникум, заеднички го играа познатото “пајдушко оро“.

Поставката ГРАДИМЕ МОСТОВИ ЗА РАЗБИРАЊЕ И СОРАБОТКА е дел од проектот  Градиме мостови на Швајцарската амбасада, Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и Министерството за образование и наука.

Преку неа, учениците од двете училишта сакаат да испратат порака дека различностите се богатство, а разбирањето и толернацијта се единствен начин до подобро општество за сите.

Учениците и наставниците од Општина Теарце сметаат дека Кавадарци е многу убав град и се надеваат на повеќе заеднички настани во иднина. Во таа насока тие ќе бидат домаќини на учениците од ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ за време на Денот на гравот кој ќе се одржи во Теарце на крај на Октомври.

Повеќе фотографии можете да погледнете во делот на галерија или на овој линк

 

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.