



ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ доби Европски знак за квалитет. Листата на училишта кои добија Европски знак за квалитет е истакната на порталите секаде во Европа и можете да ја видите на следниот линк. За нашето училиште барајте за Former Yugoslav Republic of Macedonia. Како се добива Европски знак за квалитет прочитајте на следниот линк
25 ученика од петто одделение ги испратија своите први писма на англиски јазик до ученици од основното училиште College Paul Fort од Франција. Проектот и допишувањето ќе траат во текот на целата учебна година.
Учениците од петто одделение го добија еТвининг знакот за квалитет за својата работа на проектот „Млади научници“. Во овој проект учествуваа ученици од 32 училишта од Европа и преку видео конференции учеа за својствата на водата и воздухот.
Учениците од петто одд. од ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ засадија дрво во училишниот двор како дел од активностите за проектот „Etwinning tree“ Повеќе фотографии можете да погледнете во делот на галерија или на овој линк
35 ученика од петто одделение разменија разгледници со 35 ученика од College Saint Paul, Is-sur-Tille од Франција и на тој начин го прославија Европскиот ден на јазиците.
Во петокот на 22.05.2015 година, ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ ја реализираше втората од двете заеднички активности предвидени со програмата за меѓуетничка интеграција во образованието за оваа учебна година. Активноста, под форма на еколошка акција, беше реализирана во соработка со ООУ “Бајрам Шабани“ од Кондово во рамките на Детското одмаралиште Михајлово. Планираните активности предвидоа соработка […]
Во вторникот, на 12.05.2015 година во ООУ“Тоде Хаџи – Тефов“ се одржа ОТВОРЕН ДЕН на училиштето. Настан беше организиран од Ученичката заедница на училиштето, но со поддршка од Наставничкиот совет и Советот на родители. Советот на родители овој ден го искористи за да испрати отворен повик до сите родители, пријатели на училиштето и претставници на […]
Во средата на 29.04.2015 година, ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ ја реализираше првата од двете заеднички активности предвидени со програмата за меѓуетничка интеграција во образованието за оваа учебна година. Активноста, под форма на ликовна колонија, беше реализирана во соработка со ООУ “Бајрам Шабани“ од Кондово, при што група од по 20 ученици од секое училиште […]
На 18.03.2015 (среда) во ООУ “Тоде хаџи – Тефов“ Кавадарци се одржа работен состанок помеѓу претставници на училиштето, локалната заедница, општината и Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД. Состанокот се одржа во рамките на проектот за МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, Компонента 4 – Обезбедување на стимул за училиштето, а истиот беше со цел договарање […]
Copyright © 2011-2025 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.