



Во петокот на 22.05.2015 година, ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ ја реализираше втората од двете заеднички активности предвидени со програмата за меѓуетничка интеграција во образованието за оваа учебна година.
Активноста, под форма на еколошка акција, беше реализирана во соработка со ООУ “Бајрам Шабани“ од Кондово во рамките на Детското одмаралиште Михајлово.
Планираните активности предвидоа соработка помеѓу учениците, наставниците и родителите, при што групите од по 20 ученици од секое училиште изработија 50 садници со цвеќиња.
Активностите беа направени од ученици, припадници на двете националности – македонска и албанска, кои заеднички садеа цвеќиња во саксии, а потоа и ги декорираа истите.
Целиот ден помина по програма која беше креирана од тимовите за МИО на двете училишта и која предвидуваше неколку заеднички активности:
Од двете училишта ја оценуваат оваа активност како многу успешна и разговараа за евентуални можности за проширување и продлабочување на активностите помеѓу двете училишта.
Повеќе фотографии можете да погледнете во делот на галерија или на овој линк
Copyright © 2011-2025 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.