Ден на побезбеден интернет-2016
Во рамките на Неделата на информатика, ООУ „Тоде Хаџи Тефов“- Кавадарци се вклучи во одбележувањето на Денот за побезбеден Интернет. За таа цел учениците од VI одделение заедно со наставничката по информатика Марија Кочанковска реалзираа низа на активности.
Како воведна активност на ученците им ја презентиравме презентацијата за денот за побезбеден интернет, оваа година под мотото „Play your part for a better Internet”. Учениците активно учествуваа во дискусијата и даваа свои примери за начините на кои секој треба да се однесува во дигиталниот свет за секој од нас да се чувствува безбедно на интернет.
Со учениците ја реализиравме и работилницата „Сподели срце“, во која учениците своите срца ги исполнија со позитивни пораки. Во училницата владееше позитивна атмосфера и ваквите коментари им го разведрија денот на сите ученици. Кој не би сакал да слушне нешто убаво?
Повеќе фотографии можете да погледнете во делот на галерија или на овој ЛИНК