Образовен проект за деца од основни училишта „Сите сме еднакви“ – организиран од ОХО

Posted by Уредник on 02/01/2014 in Последни настани |
Во периодот од 5-17 декември се реализира обука за наставниците од одделенска настава при ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци како единствено училиште во општината вклучено во проектот „Сите сме еднакви“- образовен проект за деца од основни училишта.
Целта на проектот е да се развие едукативен воннаставен модел кој ќе промовира меѓуетничка и меѓукултурна интеракција и социјална врска меѓу децата од основните училишта во Македонија. Активностите на проектот предвидуваат да се воведе образовен воннаставен модел за да ги надополни задолжителните предмети “Општество“ и „Запознавање на околината“ во рамките на формалните образовни програми за основно училиште.
Се организираа 12 интерактивни работилници во времетраење од 2 дена како да го користат интегрираното планирање како алатка во наставата.
Проектот е комплементарен со тековните училишни активности и ја надополнува тековната наставна програма со интерактивни и интердисциплинарни активности како што е владеењето на правото, основни човекови права и почитување на различности.
Овој проект е комплементарен со активностите на другите меѓународни организации како УСАИД, ОБСЕ, ОДИХР и УНИЦЕФ.

Временската рамка на проектот е од септември 2013- март 2015 ни рече координаторот на проектот Мирослава Симоновиќ.

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.