По трет пат ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ од Кавадарци го понесе „Зеленото знаме“ и обезбеди свое место меѓу останатите 21 надобри Еко-училишта во Македонија

Posted by Уредник on 06/03/2014 in Последни настани |

На објавениот Конкурс за наградување од  Програмата „ Интеграција на екологијата во Македонскиот образовен систем“  оваа година Училиштето Тоде Хаџи тефов –Кавадарци  е наградено со највисокиот сататус „Зелено знаме“. Конкурсот  е во организација на Здружението за едукација, консалтинг  и комуникација – ОХО, а одлуката за наградување ја донесе комисија за наградување составена од членови на ОХО, член  на Министерството за образование и член на Швајцарската агенција за  развој.Официјално наградите беа доделени од Министерот за образование и наука, г – дин Спиро Ристовски на петтиот по ред Еко-Самит кој се одржа на 5 Март-2014 год. во ООУ „Лазо Ангеловски’ во Скопје.



По трет пат зелено знаме за ООУ Тоде Хаџи Тефов Кавадарци – Преземено од вестите на телевизија КТВ

Со доделувањето на наградата „3елено знаме “ училиштето докажа  дека се грижи за животната средина, води еко-политика, ги спроведува еко-стандардите и успешно ја имплементира Програмата Еколошка едукација во Македонскиот образовен систем. Како Зелено-еко-училиште, училиштето доби и финансиска поддршка  од 1000 евра кои ќе ги потроши за  заштеда на електрична енергија и намалување на емисија на СО2 во воздухот.

„Сакаме доследно да ја оправдаме оваа награда и понатаму ќе продолжиме да работиме и реализираме еко-активности и Проекти за заштита на животната средина“.-ветуваат учениците, наставниците и целокупниот персонал во училиштето кои работат под раководство на  Еко-одборот чиј координатор е наставничката Соња Иловска , а претседател наставничката Мирослава Симоновиќ.

 

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.