Проект за Меѓуетничка интеграција во образованието

Posted by Уредник on 25/04/2014 in Последни настани |

Денеска, ООУ“Тоде хаџи – Тефов“ беше домаќин на втората обука за претставници од училиштата, од проектот Меѓуетничка интеграција во образованието.

На оваа обука беа вклучени наставници, претставници на училишните одбори, директори на основни училишта и претставници од општините.

Проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието е поддржан од Американската агенција за интернационален развој – УСАИД , МОН и МЦГО – Македонски центар за граѓанско образование.

Целта на проектот е интегрирање на мултикултурното учење и меѓуетничката соработка во образовниот систем, преку сензитизирање на сите актери вклучени во него.

Проектот предвидува соработка помеѓу учениците, наставниците и родителите од сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија и ќе даде можност за многу интересни и заеднички мултиетнички активности во сите вклучени општини во текот на наредната учебна година и понатаму.

Пред реализирањето на денешната обука, како дел од овој проект, претставниците на училиштата имаа можност да бидат дел од дводневен семинар кој се одржа во Хотел Континентал во Скопје. На овој семинат учество зедоа претставнците од сите училишта од нашата Општина, каде добија можност да ги проучат и продискутираат околу најголем дел од интеретничките релации во Република Македонија, како и да се обучат за целосно справување со предизвиците во нивното подобрување.

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.