Работен состанок со УСАИД на тема реновирање на училиштето
На 18.03.2015 (среда) во ООУ “Тоде хаџи – Тефов“ Кавадарци се одржа работен состанок помеѓу претставници на училиштето, локалната заедница, општината и Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД.
Состанокот се одржа во рамките на проектот за МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, Компонента 4 – Обезбедување на стимул за училиштето, а истиот беше со цел договарање на можности и начини за реновирање на училиштето.
За ова реновирање, главните фондови во висина од 1 200 000 денари се предвидени да бидат обезбедени од УСАИД , а во истото, со одреден процент да учествува и Локалната самоуправа.
ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ е едно од 10 училишта, од 260 вкупно кои аплицираа за грндот на ниво на Република Македонија, кое го доби грандот. Од УСАИД информираат дека грандот беше одобрен врз основа на солидно изработените апликации, квалитетот на активностите предвидени со него и посветеноста на училиштето да работи на мултикултурните и меѓуетничките активности.
Од училиштето се задоволни од можноста за соработка со УСАИД и најавуваат средствата да бидат потрошени за едно од клучните преоритети на училиштето.
Повеќе фотографии можете да погледнете во делот на галерија или на овој линк