Реализирани работилници за учениците како дел од проектот Психо-социјална едукација и советување за деца и родители
Како дел од проектот ПСИХО – СОЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И СОВЕТУВАЊЕ ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ, учениците од ООУ. Тоде Хаџи – Тефов имаа можност да посетат работилници во три посебни групи:
- 8 одд. – посетуваа работилници за НЕНАСИЛНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ
- 7 одд. – посетуваа работилници за ДЕТСКИ ПРАВА
- 6 одд. – посетуваа работилници за ДРУГАРСТВО И СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА
Работилниците за Ненасилно решавање на Конфликти за 8 одделение.
Во работилниците беа вклучени 30 ученици од 8 одделение, од мешани паралелки, по иницијатива на самите ученици.
Работилниците се реализираа секоја седмица веднаш по часевите и на нив сите ученици имаа можност преку неформални методи на образование да се запознаат со природата на конфликтите, начинот на реагирање на конфликтите, причините за нивната појава, фазите низ кои минуваат и можностите за нивна трансформација и менаџирање.
Работилниците освен теоретски знаења за конфликтие, им дадоа на сите вклучени можност да научат и некои стратегии за справување со нив, преку практикување на комуникативни вештини за преговарање.
На крајот од работилниците, вклучените 8 одд. во знак на промовирање идејата за ненасилно решавање на конфликти снимија и 2 видео клипа со кои го изразија својот револт против Семејното насилство и насилството во училиштето.
Повеќе фотографии од оваа работилница можете да погледнете во менито „Галерија“ или директно тука
Работилниците за Детски Права за 7 одделение.
Во овие работилници беа вклучени повеќе од 40 ученици од 7 одделение.
Работилниците за нив беа организира во два работни дена пред или после часевите, во зависност од училишните обврски на учесниците.
По сугестии на наставниците, освен запознавањето со Конвенцијата за Правата на Детето и работењето врз критичност на децата за почитувањето на нивните права, преку овие работилници се обрна особено внимание и на нивните обврски, секојдневни, но и обврските и одговорноста кон заедницата и нивните врсници.
Во таа насока, во работилниците со учениците од 7 одд. вклучени беа и деца со посебни потреби од Дневниот Центар во Кавадарци.
Оваа иницијатива, која во проектот со учениците од 7 одд. дојде како дополнување од 2 еднодневни работилници, се имплементираше во месец Декември.
Првата од нив, под форма на работилница за одбележување на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, а втората како Предновогодишно неформално дружење помеѓу децата од Дневниот Центар и децата од ООУ. Тоде Хаџи Тефов, која се реализираше на 26 Декември 2011.
Очекувањето работилницата од мешан тип да ја зголеми нивната сензитивност и одговорност, се исполни целосно.
Учениците беа добри домаќини и најтопло ги примија децата со посебни потреби.При посетата на ООУ. Тод Хаџи Тефов 7 одделенците организираа тура низ училиштето, во која децата со посебни потреби и нивните наставници и воспитувачи имаа можност да ги посетат кабинетите по ликовно и музичко и во истите да присуствуваат на презентациите кои во нивна чест ги организираа учениците со помош на наставниците Петар Арсов и Киро Јосифов.
Повеќе фотографии од оваа работилница можете да погледнете во менито „Галерија“ или директно тука
Работилниците за Другарство и Социјализација за 6 одделение
Учениците од 6 одделенија исто така беа дел од проектот ПСИХО – СОЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И СОВЕТУВАЊЕ ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ, со тоа што беа вклучени во работилниците за Другарство и Социјализација.
На овие работилници по барање на самите учесници беа дискутирани актуелни теми од проблемите на денешните деца.
Работилниците беа исполнети со многу забавни игри, вежби за тимска работа и лидерство како и начини за комуницирање и соработка помеѓу самите нив.
Учениците имаа можност да се запознаат подобро помеѓу себе и да научат како да ги разрешуваат сите конфликти кои се појавуваат секојдневно помеѓу нив.
Како дел од оваа работилница, учениците од 6 одделение, одржаа една работилница на Градскиот Парк и во една прилика го посетија и Младинскиот Клуб на Совет за Превентива Против Малолетничка Деликвенција при што имаа можност да бидат дел од филмска проекција.
Повеќе фотографии од оваа работилница можете да погледнете во менито „Галерија“ или директно тука