Свечано пуштање во употреба на реновираната училишна ограда

Posted by ТХТ on 06/12/2015 in Последни настани |

12294664_806303756145422_1114413955129962994_nВо средата, на 25.11.2015 во ООУ “Тоде хаџи – Тефов“ Кавадарци се организираше СВЕЧЕНО ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА НА РЕНОВИРАНАТА ОГРАДА на училишниот двор.

Настанот беше организиран под покровителство на
Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД, Министерството за образование и наука и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци,  а истиот беше посетен од повеќе претставници на локалната заедница, училиштата, институциите, бизнис заедницата како и претставниците на партнерското училиште ООУ “Бајрам Шабани“ од Кондово.

Реновирањето на оградата беше реализирано во рамките на проектот за МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, Компонента 4 – Обезбедување на стимул за училиштето. За ова реновирање, на училиштето му беше одобрен грант од 1 200 000 денари од страна на УСАИД , а во истото, со одреден процент да учествуваше и Локалната самоуправа.

ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ е едно од 10 училишта, од 260 вкупно кои аплицираа за грантот на ниво на Република Македонија, кое го доби истиот.

Од УСАИД информираат дека грандот беше одобрен врз основа на солидно изработените апликации, квалитетот на активностите предвидени со него и посветеноста на училиштето да работи на мултикултурните и меѓуетничките активности.

На настанот по повод свеченото пуштање во употреба на реновираната ограда, освен свеченото сечење на лентата од страна на директорот на училиштето и градончалникот, учество зеде и Мајор Дон Николс, одговорна за билатералните прашања во Канцеларијата за меѓуармиска соработка при Амбасадата на САД.

Таа исто така, ги подрави присутните гости со свечео обраќање и упати пофални зброви за начинот на кој се реализираат партнерските активности кои ги организираше училиштето.

Во ранките на овој настан, беа релизирани и три одделни активности со наставници и ученици од двете партнерски училишта ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ и ООУ “Бајрам Шабани“ од Кондово.

Настанот заврши со реализирање на мултиетнички квиз “Заедно сме посилни“ на кој учениците одговараа на повеќе прашања поврзани со јазикот, културата и традицијата на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија.

Повеќе фотографии можете да погледнете во делот на галерија или на овој линк https://todehtefov.edu.mk/index.php/nggallery/album/otvaranje?page_id=89

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.