Учество на еТвининг семинар во Коња, Турција

Posted by Уредник on 22/09/2014 in Последни настани |
Учество на еТвининг семинар во Турција финансиран од Македонската национална агенција за Европско образование и мобилност (НА) – (Елизабета Филипова)

Штотуку се вратив од еТвининг семинарот во Турција и со нетрпение, за да ги напишам моите импресии, започнав да го пишувам овој блог.
Неодамна имаше објавено оглас за контакт семинар во Турција за кој аплицирав да учествувам и за помалку од две недели добив известување дека мојата апликација е одобрена. Ова ми беше прв пат да учествувам на семинар надвор од мојата држава.
НА имаше резервирано електронски билети за патувањето, сместување, храна, учество на семинарот, организирани прошетки, се беше толку многу организирано што ние, учесниците на семинарот, не моравме да се грижиме за ништо.
На аеродромот во Турција не пречекаа претставници од организаторите на семинарот и не однесоа до хотелот. Хотелот во кој бевме сместени и во кој се одржа семинарот беше прекрасен, токму таков каков што пишуваше на интернет дека е, едноставно прекрасен. А храната, верувајте ми, беше неверојатно вкусна.
Редовно ги посетував предавањата и интересно беше што за време на кафе паузите сите наставници од другите Европски држави беа многу расположени за запознавање и дружење. Запознав многу наставници од секаде во Европа па дури и вработените во НА од Италија

и Литванија. Некако како на никој да не ни се спиеше и запознавањето и дружењето продолжуваше и вечерта во лобито на хотелот. Сите имавме иста цел, да си најдеме партнери за работа на заеднички проект и да се запознаеме и дружиме колку што е можно повеќе.

Еве ги линковите до веб страните каде што можете да најдете семинари за професионален развој:
А за она што го научив на семинарот ќе пишувам во следниот блог.
Огромна благодарност до Македонската национална агенција за Европско образование и мобилност и особено до координаторот на еТвининг во Македонија, господинот Дејан Златковски.

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.