ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ Кавадарци обезбеди патничко возило за потребите на училиштето
Posted by Уредник on 30/01/2014 in Последни настани | ∞
За потребите на наставниците, учениците и стручната служба, ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ Кавадарци обезбеди патничко возило, комбе РЕНО – Мастер. Основната намена на патничкото возило ќе биде превозот на наставниците од Кавадарци за изведување на настава во ПОУ с. Бегниште, како и превоз на учениците од с. Дабниште и с. Ресава до ПОУ с.Бегниште.







