„ДЕНОТ НА ДРВОТО“ ПРЕРАСНА ВО „НЕДЕЛА НА ДРВОТО И ЦВЕЌЕТО“
Во училиштето „Тоде Хаџи Тефов“ изминатата недела се организираа низа активности со еколошки карактер.
Учениците и вработените го искористија убавото есенско сонце и со заедничка организација на целокупната училишна заедница го разубавија училишниот двор и го потврдија имиџот на Еко Училиште:
-уцениците од 6 до 9 одделение го исчистија дворот од есенските лисја
-учениците од 1 до 5 одд. ги спрашија и полеваа цвекњата во училишната зграда
-учениците од еко-патролата ги складираше отпаднати лисја во училишниот двор за правење на компост
-учениците од еко-патролата во соработка со своите соученици посадија 100 зимски љубичици во бетонските жардињери во училишниот двор.
-во соработка со локалната заедница се поставија клупи за одмор и рекреација во училишниот двор
Ние- учениците и вработените имаме единствена цел-да ја преточиме убавината на природата во нашиот училишен двор.Порачуваме: ЧУВАЈТЕ ЈА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА –ТАА Е НАШЕТО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ!
Повеќе фотографии можете да погледнете во делот на галерија или на овој ЛИНК