Денот на пролетта
Учениците од училиштето „Тоде Хаџи Тефов“ под менторство на Еколошката секција во училиштето и Еко-одборот работно ја дочекаа пролетта во својот училишен двор. По традиција и оваа година го реализираа Проектот „100 Љубичици со цвет- за поубав свет!“ Вредните детски раце со нетрпение ги очекуваа пролетните денови да уживаат на топлото сонце закитувајќи го дворот со прекрасни и разнобојни расцветани љубичици.
Учениците од Еко-патролата ги замени оштетените зимзелени садници со нови со што се одржува континуитетот на паролата-Училишен двор-еколошки парк.Во активностите учествуваа учениците од Целокупната училишна заедница организирани по работни групи.
Пристигнувањето на пролетта учениците од 7,8 и 9 одд. Ја обележаа со Кампањата „Вози Велосипед!“ Учениците напишаа пораки и пароли за почист воздух, изработија хамери за промовирање на велосипедот како превозно средство кое не го загадува воздухот. Целта на Кампањата беше да се подигне свеста како кај училишната така и кај локалната заедница за зачувување на природата и заштита на воздухот од загадување , помалку болести и здрав рекреативен живот.
Немаме резервна планета ! – е појдовната порака која ги соединува учениците и врз која се темелат сите еко- активности кои го унапредуваат ова Еко- училиште.
Повеќе фотографии од Еко активостите може да погеднете на следниот ЛИНК
Еко- поздрав – ТХТ