Posts by Уредник:
Информација за одбележување на патрониот празник на училиштето
На 14.02.2012 год. ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ ќе го прослави својот ПАТРОНЕН ПРАЗНИК.
Новогодишна честитка
Зелено знаме по втор пат во нашето училиште!!!
Проектот Еко-училиште продолжува, еко-активностите не престануваат , а учениците се пресреќни што по втор пат ја имаат највисоката награда – Зелено знаме за училиштето. Доделувањето на Наградата – Зелено знаме беше на Еко-Самит кој се одржа во Охрид на 2 и 3 декември 2011 година.
Засади дрво, засади ја твојата иднина
На 23 Ноемвври, 2011 год. се одржа Наставнички совет. Наставничкиот совет едногласно ја поддржа акцијата “Засади дрво, засади ја твојата иднина”.
Свечено ја обележана Детската недела
На 07.10.2011 ООУ “Тоде Хаџи-Тефов” свечено ја обележа Детската недела и влегувањето на учениците од прво одделение во Детската организација.
Одржано предавање на тема “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”
Во ООУ “Тоде Хаџи-Тефов” беше одржано предавање на тема “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”. Ова предавање го одржа Комисијата за едукација на децата од предучилишна и училишна возраст при ОСБСП (Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата )од Кавадарци составена од Крстев Диме, претседател, инспектор по превенција во сообраќајот, Љупчо Лазов, член, професор […]
Освоено I место на фестивалот „Детски лирски треперења“
На XXXII ФЕСТИВАЛ НА ДЕТСКОТО ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО НА МАКЕДОНИЈА “ДЕТСКИ ЛИРСКИ ТРЕПЕРЕЊА” организирано од Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија кој се одржа од 23 до 25 септември 2011 училиштето “Тоде Хаџи-Тефов” од Кавадарци освои прва награда на републичко ниво. Наставничката Олгица Младеновска и ученичката Драгана Крстевска добија дипломи за освоено прво […]
ПСИХО–СОЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА и СОВЕТУВАЊЕ ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ ВО ОУ. ТОДЕ ХАЏИ ТЕФОВ
Од почетокот на септември во ОУ. Тоде Хаџи – Тефов започна имплементацијата на проектот „ПСИХО – СОЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И СОВЕТУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИ”. Проектот ке се имплементира до крајот на декември од страна на психологот и координатор во СППМД, Љубица Кочова. Преку овој проект родителите на децата од 7 и 8 одделение ќе имаат можност да […]
Изградена Еко-училница во училиштниот двор
Со финансиски средства од Швајцарска фондација и во соработка со Здружението на граѓани – ОхО, го уредивме училишниот двор и изградивме Еко-училница за изведување на настава во природа, за одмор и рекреација на учениците, наставниците, родителите. Фотограафии од оваа активност можат да се погледнат во делот за Галерија или директно на овој линк.
Нов Thinkquest проект „ИКТ во нашата училница“
Целта на проектот е креирање ресурси за учење по различни наставни предмети со користење на ИКТ, размена на ресурсите меѓу соучениците низ целата држава, како и разбирање за добрите и лошите страни од користењето на ИКТ. Проектот минува низ неколку фази, од иницирање, истражување, планирање, креирање, до рефлексија на целиот процес. Активностите за секоја фаза, […]