ПСИХО–СОЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА и СОВЕТУВАЊЕ ЗА ДЕЦА И РОДИТЕЛИ ВО ОУ. ТОДЕ ХАЏИ ТЕФОВ

Posted by Уредник on 19/10/2011 in Последни настани |
Од почетокот на септември во ОУ. Тоде Хаџи – Тефов започна имплементацијата на проектот  „ПСИХО – СОЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И СОВЕТУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИ”.
Проектот ке се имплементира до крајот на декември од страна на психологот и координатор во СППМД, Љубица Кочова.
Преку овој проект родителите на децата од 7 и 8 одделение ќе имаат можност да ги подобрат своите знаења, вештини и ставови за справување со предизвиците кои ги носи воспиувањето на адолесценти – возраст во која влегуваат нивните деца во овој период.

psiho soc edu 1

psiho soc edu 2
На оваа возраст децата и од двата пола влегуваат во една критична фаза, фаза на тешкотии врзани за идентитетот. Во овој период адолесцентите почнуваат да ги доведуваат во прашање целите и вредностите на родителите, воедно почнуваат да бараат алтернативи, кои лично им одговараат, а се однесуваат на интересите, целите, вредностите и верувањата.

psiho soc edu 3

psiho soc edu 4
Во овој период и семејството и училиштето се справува со првите знаци на отпор од учениците спрема веќе установените норми и правила. Евидентно е дека ова се однесува не само за децата кои  се слаби со успех или деца кои се потемпераментни. Статиситиките покажуваат дека во овој период и децата кои се со одличен успех појавуваат негово опаѓање и идентично на нивните врсници демонстрираат нагли промени во однесувањето.
psiho soc edu 5
Училиштето и невладината организација со цел превенирање на малолетничката деликвенција ја имплементираат оваа едукативна програма која би им помогнала и на децата и на родителите за справување со предизвиците на овој период.

psiho soc edu 6

psiho soc edu 7
Темите кои се опфатени се:
–  специфики на адолесцентниот период
–  комуникација и комуникативни вештини
–  ненасилно решавање на конфликти
–  родителски стилови и последиците од нив
–  работа со деца во ризик

Проектот освен едукацијата за родители вклучува и истражување за психо – социјалниот живот на младите, работилници за децата и индивидуална работа со деца и родители.

 

На следниот линк можете да го погледнете прилогот поврзан со овој настан од вестите на КТВ телевизија. Истиот за оваа тема започнува од 32 минута и 20 секунда.

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.