Posts by ТХТ:
ЕТвининг знак за квалитет за проектот „ЕТвининг дрво“ 2015/16
Пакет добиен од Франција
Учениците од петто одделение во текот на целата учебна година се допишуваа со ученици од училиштето Collège Paul Fort од Франција. За крајот на учебната година добија пакет писма и подароци од своите другарчиња.
Пинковата ѕвездичка Мартија- гостин во нашето училиште
Во вторникот, 10.05.2016 година во нашето училиште се организираше отворена трибина со мотото НЕ НА ПОРОЦИТЕ … Трибината беше организирана од Општинскиот совет за превенција од малолетничко престапништво и Автошколата Безбедност како генерален покровител на настанот.
22- Април Светски Ден на акција и Денот на планетата Земја
Светскиот Ден на акција и Денот на планетата Земја- 22 април ги одбележавме со повеќе активности оваа недела.Учениците посадија цвеќе во училишниот двор во новите рециклирани отпадни гуми кои самите ги рециклираа.Повелете на одмор и рекреација во нашиот Еко-парк! Учениците од училиштето „Тоде Хаџи Тефов“-Кавадарци подготвуваат многу нови изненадувања. Повеќе фотографии од нашите активности можете […]
ХУМАНИТАРЕН НАСТАН
Во рамките на активностите од Програмата Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности, претставниците на нашето училиште организираа и реализираа хуманитарен настан во форма на концерт наменет за обезбедување на средства за ученици од социјално – загрозени семејства од нашето училиште.
Вежба за ЕВАКУАЦИЈА НА УЧИЛИШТЕТО ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАРИ
Втора меѓународна едуконференција
Од 01 до 03 април во Струга се одржа Втората меѓународна едуконфереција на наставници и информатичари. На конференцијата присуствуваа презентери од Македонија и многу други европски држави. Презентациите беа на тема- Образовни ресурси и нивна примена во наставата.
21 Март- ден на пролетта
21 март-ден на пролетта и на нашите активности: Куќичките за птици се подготвени да ги пречекаат своите нови станари,а учениците ќе ги почестат со трошки леб и жито! За крај и мало истражување: првите пролетни цвеќиња почнаа да ја красат тревата во нашиот еколошки уреден училишен двор! Најсреќни – учениците! Поздрав до сите Екологисти од […]
Ден на побезбеден интернет-2016
Во рамките на Неделата на информатика, ООУ „Тоде Хаџи Тефов“- Кавадарци се вклучи во одбележувањето на Денот за побезбеден Интернет. За таа цел учениците од VI одделение заедно со наставничката по информатика Марија Кочанковска реалзираа низа на активности.
„ЕКО- КВИЗ“
Тешка беше одлуката на жири комисијата: Сите ученици се подеднакво еколошки едуцирани ! Учениците од 5 одд од нашето училиште активно се вклучија во Еко-квизот кој веке традиционално се одржува по втор пат оваа учебна 2015-16 год.Еко-квизот се организраше во сработка со локалната самоуправа, Е.д. „ Тисовец“ од с.Возарци и „Фени-индустри“ со цел да се […]








