ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ Кавадарци обезбеди патничко возило за потребите на училиштето
За потребите на наставниците, учениците и стручната служба, ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ Кавадарци обезбеди патничко возило, комбе РЕНО – Мастер. Основната намена на патничкото возило ќе биде превозот на наставниците од Кавадарци за изведување на настава во ПОУ с. Бегниште, како и превоз на учениците од с. Дабниште и с. Ресава до ПОУ с.Бегниште.
Образовен проект за деца од основни училишта „Сите сме еднакви“ – организиран од ОХО
Во периодот од 5-17 декември се реализира обука за наставниците од одделенска настава при ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци како единствено училиште во општината вклучено во проектот „Сите сме еднакви“- образовен проект за деца од основни училишта. Целта на проектот е да се развие едукативен воннаставен модел кој ќе промовира меѓуетничка и меѓукултурна интеракција и социјална врска […]
Учениците од трето одделение ги одржаа своите новогодишни приредби
Merry Christmas and a Happy New Year
Проект Големи Европски личности
Проектот Големи Европски личности на кои учениците од VI оддление од ТХТ работеа на eTwinning доби знак за Европски квалитет. *Видеото е преземено од локалната телевизија.
Повторно „Зелено знаме“ за училиштето „Тоде Хаџи Тефов“
Учениците со своите активности од областа на екологијата и по трет пат се главни носители на највисоката награда од Швајцарската агенција за развој и „ОХО“ – Зелено знаме.И оваа учебна година го докажаа и со гордост го понесоа Зеленото Знаме на училиштето ! Епитетот „Еко-училиште“ продолжува и понатаму за училиштето , а еко-учениците и понатаму […]
„Македонија без отпад “ – во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“-Кавадарци
Еко-училиштето „Тоде Хаџи Тефов“-Кавадарци активно се вклучи во акцијата „Македонија без отпад“.Во училишниот двор организиравме два отпадни пункта, еден за стара хартија и еден за пластика.Учениците во соработка на родителите и целокупната училишна заедница ги исчистија своите домови, училиштето, училишниот двор, улиците и околината од стара хартија и пластични шишиња.Така уште еднаш потврдивме дека се […]
Резултати од Републичкиот натпревар по англиски јазик одржан на 23.02.2013
Виолета Трајкова и Драгана Крстевска, ученички од VIIIг одделение во ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“, под менторство на наставничката Славица Јаневска го освоија третото место на Републичкиот натпревар по англиски јазик одржан на 23.02.2013 година во организација на ПСУ ,,Петта приватна гимназија,, – Скопје
Одбележан патрониот празник на 14.02.2013
Одбележан патрониот празник на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов” Кавадарци Денот 14 февруари, 2013 година, беше посветен на славење на делото на јунакот Тоде Хаџи- Тефов. И овој пат нашето училиште не пропушти да му заблагодари за неговите херојски постапки, но на малку поскромен начин, бидејќи неодамна дочекавме јубилеј – 50 години од постоењето на училиштето. Церемонијата […]
Наставнички совет (11.02.2013)
На 11.02.2013 се одржа наставнички совет со следниот дневен ред: 1. Разгледување на полугодишниот извештај за постигнатиот успех и поведение на учениците во учебната 2012/2013 год 2. Констатации, заклучоци и предлог мерки за второто полугодие 3. Насоки за пробното екстерно оценување 4. Заклучоци и предлог мерки по посетата на инспекторот Михаил Костадинов 5. Припрема по […]







