Предавање на професори од Гимназија „Добри Даскалов“ во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“
На 24.02.2014 година (понеделник), двајца професори од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ реализираа час во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци за учениците од VIII одделение.
Проф. по информатика Зоран Милевски им одржа час по информатика на учениците од VIII-а и VIII-в одд. на тема „Компјутерска графика“, додека проф. по економски предмети Лоска Давчева им одржа час учениците од VIII-б одд. на тема „Брендови“.
Двајцата професори – предавачи, преку компјутерски презентации и свои излагања на учениците од осмо одделение им претставија интересни и практични наставни содржини што се изучуваат во гимназиското и стручното образование (економско-правна и трговска струка) при Гимназијата. Притоа, да ја поттикнат желбата кај овие осмоодделенци за избор на СОУ Гимназија „Добри Даскалов”- Кавадарци, како училиште во кое ќе го продолжат своето образование.
Одбележан Патрониот празник на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“- 14.02.2014
И оваа година, не заостанувајќи од претходните, го прославивме патрониот празник на нашето училиште “Тоде Хаџи- Тефов”. На 14 февруари 2014 година достојно му заблагодаривме на нашиот патрон за сите негови дела, со одредена манифестација која започна со полагање на цвеќе во 10:30 пред бистата на јунакот Тоде, како знак на благодарност од директорот,наставниците и поканетите гости.
ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ Кавадарци обезбеди патничко возило за потребите на училиштето
За потребите на наставниците, учениците и стручната служба, ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ Кавадарци обезбеди патничко возило, комбе РЕНО – Мастер.
Основната намена на патничкото возило ќе биде превозот на наставниците од Кавадарци за изведување на настава во ПОУ с. Бегниште, како и превоз на учениците од с. Дабниште и с. Ресава до ПОУ с.Бегниште.
Образовен проект за деца од основни училишта „Сите сме еднакви“ – организиран од ОХО
Проект Големи Европски личности
Проектот Големи Европски личности на кои учениците од VI оддление од ТХТ работеа на eTwinning доби знак за Европски квалитет.
*Видеото е преземено од локалната телевизија.
Повторно „Зелено знаме“ за училиштето „Тоде Хаџи Тефов“
Учениците со своите активности од областа на екологијата и по трет пат се главни носители на највисоката награда од Швајцарската агенција за развој и „ОХО“ – Зелено знаме.И оваа учебна година го докажаа и со гордост го понесоа Зеленото Знаме на училиштето ! Епитетот „Еко-училиште“ продолжува и понатаму за училиштето , а еко-учениците и понатаму го оправдуваат тоа со своитедосегашни и идни еко-активности.Еве некои од активностите спроведени од септември до декември од учебната 2012/13 г:
-Кампања „Вози велосипед-може и тротинет !“;
-Еко-акција „Собирај, селектирај, рециклирај!“
-Еко-едукација за заштеда на вода „Од нас за нас !“
-Еко-работилница „Штеди струја !“
-Еко-патрола „За чист и уреден двор !“
-Еко-патрола „ Штеди вода !“
-Еко-акција „Засади дрво !“
-Еко-акција „Направи
Датум: 27.11.2013 г.
Еко-одбор при ООУ „Тоде Хаџи Тефов“
Кавадарци
„Македонија без отпад “ – во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“-Кавадарци
Еко-училиштето „Тоде Хаџи Тефов“-Кавадарци активно се вклучи во акцијата „Македонија без отпад“.Во училишниот двор организиравме два отпадни пункта, еден за стара хартија и еден за пластика.Учениците во соработка на родителите и целокупната училишна заедница ги исчистија своите домови, училиштето, училишниот двор, улиците и околината од стара хартија и пластични шишиња.Така уште еднаш потврдивме дека се залагаме за здрава и чиста околина, градиме здрави еколошки навики на однесување.
Резултати од Републичкиот натпревар по англиски јазик одржан на 23.02.2013
Виолета Трајкова и Драгана Крстевска, ученички од VIIIг одделение во ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“, под менторство на наставничката Славица Јаневска го освоија третото место на Републичкиот натпревар по англиски јазик одржан на 23.02.2013 година во организација на ПСУ ,,Петта приватна гимназија,, – Скопје