Имплементација на програмата „Немаме резервна планета„ и проектот: Еко-училиште

Posted by Уредник on 20/09/2011 in Последни настани |

Училиштето „Тоде  Хаџи Тефов“ – Кавадарци   продолжува активно да ги спрoведува активностите за имплементирање на екологијата и заштита на животната средина во училишната заедница кои се дел од Проектот Еко-училиште, а во соработка со Здружението на граѓани „ОХО“.

Училиштето се стреми кон континуирано подигање на еколошката свест  и култура на учениците , наставниците, техничкиот персонал, родителите и сите други кои се вклучени директно или индиректно во училишната заедница на темата заштита на животната средина, а со тоа се овозможува теоретското знаење да се примени во секојдневниот живот.

 

ЦЕЛ: Одржување на Статусот на Еко-училиште – училиште кое ја имплементира заштитата на животната средина како една од основните вредности во своето управување, едуцирање и делување.

 

КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ:

 

1.Заштеда на електрична енергија;

2.Заштеда на вода;

3.Доуредување и одржување на училишниот двор;

4.Имплементација на екологијата во наставниот план и програм и еко-едукација.

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.