Големиот Танц 2012

Posted by Уредник on 20/05/2012 in Поднаслови |

На 18 Мај во 13:30 во Спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци настанот го најави директорот на ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ од Кавадарци, господинот Никола Нешковски, кој истакна дека ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ од Кавадарци, како член на Британскиот Совет училишта на интернет, учествува во Големиот Танц 2012 год. кој е организиран по повод пристигнувањето на Олимпискиот пламен во Англија.

The principal greets the audience, announces the event and the students who dance The Big Dance 2012

Овој танц го играат учесници од сите држави учеснички на Олимписките игри во Англија 2012. Целта на Англија е да влезе во Гинисовата книга на рекорди со најголем број на учесници кои ќе успеат да го одиграат целиот танц. Директорот на училиштето истакна и дека ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ од Кавадарци има партнер училиште од Англија, Minehead Middle School, Somerset, England, со кое не поврза Британскиот Совет училишта на интернет. Британскиот Совет училишта на интернет е сопственост на Британското Министерство за Образование, Директорот на училиштето истакна дека се надева дека соработката меѓу двете училишта ќе продолжи успешно и дека ќе резултира со обострани посети од страна на двете училишта. Никола Нешковски им се заблагодари на Градоначалникот на Општина Кавадарци, подрачното Министерство за Образование на Општина Кавадарци и Советот на Општина Кавадарци што му овозможија на ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ од Кавадарци да стане член на Британскиот Совет училишта на интернет и што ги поддржуваат активностите на училиштето. Директорот на училиштето им се заблагодари за присуството на сите присутни во салата кои учествуваа во овој настан.

The principal invites Ilija Trencev on the stage. Ilija is the Supervisor of The Big Dance 2012 at the Sports Center Jasmin, Kavadarci, Macedonia. Ilija gives speech.

Збор имаше и господинот Илија Тренчев, Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, кој истакна дека Советот на град Кавадарци и понатаму ќе продолжи да ги поддржува спортистите од Кавадарци и ваквите настани кои ќе се одржуваат во Кавадарци и се надева дека Кавадарци ќе продолжи да има претставници на Олимписките Игри истакнувајќи го успехот на Дивна Пешиќ.

Танцот започна точно во 1 часот по Британско време или 2 часот по Македонско време. Сите правила беа почитувани.

  1. Имаше 1 супервајзор, Илија Тренчев, Претседател на Советот на Општина Кавадарци, кој напиша своерачна изјава дека на танцот надгледувал 35 танчери кои сите го доиграа танцот до крај и никој од танчерите не се откажа
  2. Имаше 2 сведока кои потпишаа своерачна изјава дека 35 танчери го одиграа танцот, го напишаа датумот, локацијата на настанот и потврдија дека правилата беа почитувани. Сведоци се Милица Мелова Младенова вработена во ТВ КТВ-Кавадарци и Андријана Димитриевска вработена во Телевизија Тиквешија
  3. Танчерите, по завршувањето на танцот, своерачно го напишаа своето име и презиме на листот за учество во танцот
  4. Настанот беше снимен од страна на локалните телевизии ТВ КТВ и Телевизија Тиквешија
  5. Настанот беше фотографиран

Dancers sign in the Register of Names Students sign their names in the Register of Names after they successfully finish the dance

По завршувањето на танцот, сведокот, Андријана Димитриевска, испрати SMS порака на мобилниот телефонски број +447786 200 100, со текст BIGDANCE 1430 KAVADACI MACEDONIA 35, кој беше мобилниот број на организаторите на Големиот Танц. Организаторите ни одговорија на пораката и ни напишаа дека нашиот обид за влез во рекордот е регистриран, но дека мораме и да ги испратиме доказите кои беа претходно наведени дека ќе мораме да ги испратиме за да се потврди нашето учество за обидот за влез во Гинисовата книга на рекорди. Ни беше пратена и адреса на веб страната на која имаше понатамошни упатства за верифицирање на нашето учество. На веб страната, која беше напишана во пораката, ја пополнивме анкетата  за регистрација на учеството во Големиот Танц која беше однапред поставена од страна на организаторите и ја отпечативме.

The Audience The children wave the flags and greet the event

На оваа анкета пишува дека и овој документ за регистрацијата треба да го пратиме заедно со другите докази на адресата која е напишана на документот за регистрација . Откако ја отпечативме анкетата, ни понудија до го даунлодираме (симнеме од веб страната) серитикатот за учество во обидот за влез во Гинисовата книга на рекорди потпишан од кореографот на Големиот Танц – Wayne McGregor. Ни беше потенцирано дека, ако Англија влезе во Гинисовата книга на рекорди, ќе добиеме известување за рекордот и сите учесници кои ги исполниле условите ќе бидат наградени со тоа што нивниот танц ќе биде објавен на веб страната на Големиот Танц 2012.

The students from IV, VII and VIII grade dance The Big Dance 2012. Wayne McGregor has created the 5 minute choreography to music by Scanner and Joel Cadbury for the Guinness World Record attempt. Biljana Grozdanova Ivanovska has taught the children to dance The Big Dance

Ние ги подготвуваме сите горенаведени докази и ќе ги пратиме на дадената адреса. Доказите треба да ги пратиме најдоцна до 1 Јуни 2012.

Кликни на pdf иконата за преглед на

– имињата на учениците учесници

– изјавата од супервизорот и

– изјавите од сведоците

– дневен весник Вест

Настан: Сите олимписки спортови во еден танц

 

Големиот танц 2012, Спортска сала Јасмин, Кавадарци, Македонија

Учениците од IV, VII и VIII одд. го играат Големиот танц 2012. Wayne McGregor креира 5 минутна кореографија со музика од Scanner and Joel Cadbury за Guinness World Record attempt. Билјана Грозданова ги научи децата да го играат големиот танц.

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.