Упатство за родителите за како да ги користат услугите на Е-Дневникот – http://ednevnik.mon.gov.mk

Posted by Уредник on 24/01/2013 in Последни настани |

1. Како да се најавам за првпат на Е-Дневникот (http://ednevnik.mon.gov.mk) како родител?

-Доставете му email на класниот раководител
-Класниот раководител ќе ја креира Вашата корисничка сметка
-Проверете го Вашиот email, испратен ви е email со вештачки генерирана лозинка.
-Најавете се на Е-Дневникот со Вашиот email како корисничко име и лозинката која ја добивте.

2. Кои податоци за моето дете се достапни во Е-Дневникот?

3. Како да ја активирам услугата СМС известување Е-Дневник? (родител)

Оваа опција е активна само на родителите кои веќе се имаат најавено на Е-Дневник. Доколку сеуште немате корисничко име и лозинка, побарајте од класниот роководител на вашето дете да ви креира кориснички информации. Откако ќе се најавите како родител во Е-Дневник, во горниот десен агол каде што е вашето корисничко име кликнете на “Најавени сте како:”. Ќе ви се отвори прозорецот со вашите лични податоци. Внесете го вашиот мобилен телефонски број и кликни зачувај. Потоа активирајте ја услугата ИЗВЕСТУВАЊЕ ПО СМС и кликни зачувај. Внимавај мобилниот број да биде од формат Yxxxxxx, каде Y е една од цифрите: (0,1,2,5,6,7,8), а x е било која цифра (0 -9).

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.