Наставнички совет (11.02.2013)

Posted by Уредник on 15/02/2013 in Последни настани |

На 11.02.2013 се одржа наставнички совет со следниот дневен ред:

1. Разгледување на полугодишниот извештај за постигнатиот успех и поведение на учениците во учебната 2012/2013 год

2. Констатации, заклучоци и предлог мерки за второто полугодие

3. Насоки за пробното екстерно оценување

4. Заклучоци и предлог мерки по посетата на инспекторот Михаил Костадинов

5. Припрема по повод одбележување на патрониот празник

6. Тековни прашања

Во врска со првите две точки се заклучи дека успехот на учениците во првото полугодие на оваа учебна година во глобала е сличен на нивниот успех за претходната учебна година. Беа предложени и неколку предлог мерки за подобрување на наставниот процес, како на пример почести индивидулни средби со родителите. Се прифати и предлогот од Советот на родители за собирање на 50 ден. од страна на учениците, за едно полугодие, наменети за покривање на штетите нанесени на компјутерската опрема.

По третата точка се разгледуваа насоките за одвивањето на пробното екстерно оценување наведени во дописот од Министерството за образование и наука.

Во врска со четвртата точка констатациите од страна на инспекторот за одвивање на наставниот процес во училиштето, глобално земено биле позитивни.

По петтата точка беа наведени потребните активности кои треба да се преземат за одбележување на патрониот празник на училиштето.

Copyright © 2011-2024 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.