Учество на учениците од трето одделение во проектот Европа-толку многу лица
Под координаторство на директорот на ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“, Никола Нешковски, учениците од трето одделение заедно со своите одделенски наставнички Слободанка Стоева и Елеонора Гурева и наставничката по англиски јазик, Елизабета Филипова , учествуваат во проектот „Европа- толку многу лица“. Во овој проект исто така учествуваат и наставниците Киро Јосифов и Славица Јаневска.Овој проект е под покровителство на Националната агенција за Европско образование и мобилност, се работи на е-твининг и во него учествуваат училишта од 33 Европски држави. Учениците, на англиски јазик, ги зготвија Македонските традиционални јадења: тавче гравче, пишии, качамак, макало и паднишпан во кујната на градинката „Рада Поцева“ клон –Снежана.Учениците од шесто одделение нацртаа цртежи за Кокино, Широк сокак, Охридско Езеро, Плоштад Македонија и Кале и направија презентации за нив кои се поставени на интернет. Исто така направен е и видео запис во кој е претставена Македонија.Учениците од нашето училиште соработката со 33те партнер училишта ја остваруваат на интернет и сите изработки се ставени на е-твининги на веб страната на училиштето.Овој проект е продолжение на проектот „Европски големи личности“ за кој ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ доби знак за Европски квалитет.
Слики од готвењето традиционални јадења за етвининг проектот „Европа- толку многу лица“