



Денеска, ООУ“Тоде хаџи – Тефов“ беше домаќин на втората обука за претставници од училиштата, од проектот Меѓуетничка интеграција во образованието.
На оваа обука беа вклучени наставници, претставници на училишните одбори, директори на основни училишта и претставници од општините.
По повод Неделата на безбедност на пешаците во сообраќајот, на ден 7.04.2014 во ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ се спроведе ликовна изложба од учениците од прво до осмо одделение Повеќе фотографии можете да погледнете во делот на галерија или на овој линк
Учениците од трето одделение од ООУ„Тоде хаџи-Тефов“ ги зготвија своите традиционални јадења за еТвининг проeктот „Европа – толку многу лица“ Тавче гравче Пишии
Под координаторство на директорот на ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“, Никола Нешковски, учениците од трето одделение заедно со своите одделенски наставнички Слободанка Стоева и Елеонора Гурева и наставничката по англиски јазик, Елизабета Филипова , учествуваат во проектот „Европа- толку многу лица“. Во овој проект исто така учествуваат и наставниците Киро Јосифов и Славица Јаневска.Овој проект е под покровителство […]
На објавениот Конкурс за наградување од Програмата „ Интеграција на екологијата во Македонскиот образовен систем“ оваа година Училиштето Тоде Хаџи тефов –Кавадарци е наградено со највисокиот сататус „Зелено знаме“. Конкурсот е во организација на Здружението за едукација, консалтинг и комуникација – ОХО, а одлуката за наградување ја донесе комисија за наградување составена од членови на […]
На 24.02.2014 година (понеделник), двајца професори од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ реализираа час во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци за учениците од VIII одделение. Проф. по информатика Зоран Милевски им одржа час по информатика на учениците од VIII-а и VIII-в одд. на тема „Компјутерска графика“, додека проф. по економски предмети Лоска Давчева им одржа час учениците […]
И оваа година, не заостанувајќи од претходните, го прославивме патрониот празник на нашето училиште “Тоде Хаџи- Тефов”. На 14 февруари 2014 година достојно му заблагодаривме на нашиот патрон за сите негови дела, со одредена манифестација која започна со полагање на цвеќе во 10:30 пред бистата на јунакот Тоде, како знак на благодарност од директорот,наставниците и […]
За потребите на наставниците, учениците и стручната служба, ООУ “Тоде Хаџи – Тефов“ Кавадарци обезбеди патничко возило, комбе РЕНО – Мастер. Основната намена на патничкото возило ќе биде превозот на наставниците од Кавадарци за изведување на настава во ПОУ с. Бегниште, како и превоз на учениците од с. Дабниште и с. Ресава до ПОУ с.Бегниште.
Во периодот од 5-17 декември се реализира обука за наставниците од одделенска настава при ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“ Кавадарци како единствено училиште во општината вклучено во проектот „Сите сме еднакви“- образовен проект за деца од основни училишта. Целта на проектот е да се развие едукативен воннаставен модел кој ќе промовира меѓуетничка и меѓукултурна интеракција и социјална врска […]
Copyright © 2011-2025 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.