Нов Thinkquest проект „ИКТ во нашата училница“

Posted by Уредник on 07/10/2011 in Последни настани |

Целта на проектот е креирање ресурси за учење по различни наставни предмети со користење на ИКТ, размена на ресурсите меѓу соучениците низ целата држава, како и разбирање за добрите и лошите страни од користењето на ИКТ. Проектот минува низ неколку фази, од иницирање, истражување, планирање, креирање, до рефлексија на целиот процес. Активностите за секоја фаза, […]

Intel натпревар за употреба на Intel Classmate PC во наставата

Posted by Уредник on 29/09/2011 in Последни настани |

Учениците од 2-ро б одделение учествуваа на ИНТЕЛ натпреварот (2010 год.) за употреба на Intel Classmate PC во наставата. На час по англиски јазик, одржан од наставникот Ана Наунова, учениците усвојуваа вокабулар за животни преку употреба на своите classmate компјутери. Учениците играа интерактивна игра со вокабулар за животни, вметнуваа слики од животни во програмата GNU […]

Проект ThinkQuest

Posted by Уредник on 21/09/2011 in Последни настани |

Училиштето „Тоде Хаџи-Тефов“ е вклучено во проектот ThinkQuest. Во тек е интернационалниот натпревар на  ThinkQuest кој завршува на 25 Април, 2012 година. Размислете за некој проблем кој го имате Вие и децата на ваша возраст од цел свет. Најдете решение за овој проблем и заедно со вашите наставници направете проект со кој ќе учествувате на […]

Имплементација на програмата „Немаме резервна планета„ и проектот: Еко-училиште

Posted by Уредник on 20/09/2011 in Последни настани |

Училиштето „Тоде  Хаџи Тефов“ – Кавадарци   продолжува активно да ги спрoведува активностите за имплементирање на екологијата и заштита на животната средина во училишната заедница кои се дел од Проектот Еко-училиште, а во соработка со Здружението на граѓани „ОХО“.

Имплементација на програмата за превенција на насилство во училиштето

Posted by Уредник on 20/09/2011 in Последни настани |

Во учебната 2011/12 година ќе се почне со реализирање на програма за превенција на насилството во училиштето. Оваа година ќе се изврши ревизија кои форми на насилство се присутни во училиштето и кои форми се најизразени.

Добредојдовте на нашата веб страна

Posted by Уредник on 17/08/2011 in Последни настани |

ООУ „Тоде Хаџи-Тефов” Кавадарци е основно училиште. Лоцирано е на ул. „Пионерска” 24. Во склопот на истото работат подрачни паралелки во с. Бегниште. Училиштето работи од далечната 1962 година и спаѓа во поразвиените училишта со опфат на најголем број на ученици во општината.

Copyright © 2011-2026 All rights reserved.
This site is using the Desk Mess Mirrored theme, v2.5, from BuyNowShop.com.